Викенд исполнет со празнична магија на „Патека на радоста“

Плоштадот во населеното место Марино за време на викендот беше центар на празнична магија, радост и заедништво, каде голем број граѓани од сите возрасти уживаа во новогодишната магија на „Патека на радоста“, во организација на општествено одговорни компании и под покровителство на Општина Илинден.

Започна зимската идила „Патека на радоста“

Во рамки на новоизградениот парк-плоштад во населеното место Марино, вчера официјално започна новогодишната програма на „Патека на радоста“, реализирана под покровителство на Општина Илинден и во организација на неколку општествено одговорни компании.

Новогодишен базар „Патека на радоста“ 2026 година

Општина Илинден и оваа година во соработка со општествено одговорни компании подготви интересни содржини за жителите, каде од 26 до 28 декември на новоизградениот парк – плоштад во н.м. Марино, под мотото ,,Патека на радоста” се одржува Новогодишен базар.

Во Домот на култура „Илинден“ отворена изложбата „Кон светлината“ на Новица Трајковски

Во галеријата на Домот на култура „Илинден“ во општина Илинден, денес беше свечено отворена ликовната изложба „Кон светлината“ на академскиот уметник Новица Трајковски, истакнат творец чија работа е препознаена и ценета на национално и меѓународно ниво.

Тони Зен и Пајак дел од новогодишните случувања во Општина Илинден

По повод претстојните новогодишни и божиќни празници, Општина Илинден и оваа година, во соработка со општествено одговорни компании, ќе го организира традиционалниот Новогодишен базар, кој ќе се одржи на новоизградениот парк – плоштад во населеното место Марино.