Изградбата на фекална канализација во месноста Плац

Во насока на проектот изградбата на фекална канализација во населба Илинден во месноста викана Плац, се продолжи со градба на фекална канализација на најнискиот и најкритичниот дел од населеното место Илинден и зафаќање на куќите кои најчесто беа поплавувани при појава на врнежливи денови.

Асфалтирање на улица „119“ во Јака

Во рамки на активностите за изградба на нови улици и патишта, деновиве беше извршено комплетно асфалтирање на улица „119“ во населба Јака, во вкупна должина од 550 метри, тротоар од 1,5 метри и широчина на коловоз од 6 метри, како и систем за зафаќање на атмосферските води од коловозот.

Општина Илинден започна со изградба на нов урбан парк – плоштад

Општина Илинден континуирано се труди да го урбанизира и уреди јавниот простор во сите населени места. На тој начин се обезбедуваат модерно уредени урбани катчиња, каде граѓаните можат да го поминуваат слободното време. Со таа цел започната е изградба на нов урбан парк со повеќе содржини во н.м. Марино.

Пуштено во употреба детско игралиште во Илинден

Општина Илинден континуирано работи на урбанизација на сите населени места. Овој пат, најголема насмевка на лицата имаа најмалите жители на населеното место Илинден, кои добија ново детско игралиште.