Ново детско игралиште во Дељадровци
Пуштено во употреба ново детско игралиште во Дељадровци во општина Илинден. Во рамки на игралиштето поставени се детски реквизити, лулашки, поставени се клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.
Пуштено во употреба ново детско игралиште во Дељадровци во општина Илинден. Во рамки на игралиштето поставени се детски реквизити, лулашки, поставени се клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина.
Со цел подобрување на патната инфраструктура и превенцијата во сообраќајот, односно зголемувањето на безбедноста на учесниците во сообраќајот, континуирано се спроведува Проектот за подобрување на безбедноста во сообраќајот, патна сигнализација, пешачки патеки, кој има за цел подобрување на хоризонталната и вертикалната сигнализација.
Со цел да се продолжи со редовно чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на Општина Илинден и во 2024 година, од страна на Општина Илинден е донесен Акционен план за чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на општина Илинден за 2024 година со дефинирани вкупно 22 900 метри (главна, секундарна и…
Со интензивно темпо се одвиваат градежните работи за реконструкција и санација на улиците во Општина Илинден. Денеска извршено е асфалтирање на краците 4 и 5 од улица „8“ во населеното место Миладиновци.
Општина Илинден го пушти во употреба новото детско катче во населеното место Мршевци. Станува збор за детско игралиште на кое се поставени нови детски реквизити, нишалки, лизгалки, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, нова заштитна ограда, како и терен за баскет кој е во финална фаза.
Општина Илинден продолжува со интензивно темпо за реконструкција и санација на улиците. Денеска почнаа градежните активности за санација на краците 4 и 5 од улица „8“ во населеното место Миладиновци.