Општина Илинден продолжува со приклучување на домаќинствата кон колекторскиот систем Илинден-Марино

Општина Илинден интензивно работи со поврзување на домаќинствата кон Колекторскиот систем за фекална канализација во населените места Илинден и Марино, кој е во вкупна должина од  5000 метри. Деновиве во тек е приклучување на домаќинствата од населеното место Илинден, кон десниот крак од колекторот што ги опфаќа фекалните цевки кои се наоѓаат во профилот на…

Изградба на атлетска патека

Општина Илинден отпочна со изградба на атлетска патека и трибина на веќе изграденото мултифункционално игралиште во близина на средното училиште во Илинден. Со завршување на градежните работи овој спортски комплекс ќе добие сосема нов лик кој веќе го носи името на прерано загинатиот бранител Драго Маневски.

Општина Илинден ја отпочна изградбата на фекална канализација во Ограѓе

Општина Илинден ја отпочна изградбата на фекална канализација во м.в. Ограѓе, населба Илинден. Во рамки на проектот ќе се гради примарна мрежа за фекална канализација во должина од 960 метри, пришто ќе бидат опфатени домаќинствата од улица.3, ул.5, ул.7 и дел од улица 2. Оваа мрежа на фекална канализација ќе се поврзе со пречистителната станица…

Одбележан празникот Свети Константин и Елена во Илинден

Во присуство на голем број верници во новоизградениот црковен храм Св. Константин и Елена во Општина Илинден, се одржа литургија на која чиноначалствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и преосветениот Епископ Дељадровско-Илинденски г. Јоаким со повеќе свештенослужители, по повод големиот христијански празник Свети Константин и Елена.