Денови на културата во Општина Илинден 2026 – „27. Литературна манифестација“

Општина Илинден и оваа година продолжува со негување и промоција на културата, литературата и уметноста преку манифестацијата „Денови на културата“, која ќе се одржи на 11, 12 и 13 мај 2026 година во Домот на култура „Илинден“. 

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Се известуваат граѓаните на Општина Илинден дека поради изведување на градежни активности за реконструкција на водоводната мрежа на ул. „9“ во н.м. Илинден, сообраќајот на дел од улицата, на потегот од ООУ „Гоце Делчев“ до административната зграда на Општина Илинден, ќе биде во прекин во периодот од 11.05.2026 година (понеделник) до 15.05.2026 година (петок).

Општина Илинден ја зголемува финансиската поддршка за новороденчиња

Како една од најбрзорастечките општини во регионот, со континуиран пораст на бројот на жители, Општина Илинден постојано се труди да обезбеди активни мерки за поддршка на младите семејства.

Усвоен буџетот на Општина Илинден за 2026 година

Советот на Општина Илинден го усвои Буџетот за 2026 година, кој изнесува 742.557.000 денари, односно над 12,5 милиони евра. Споредбено со минатата година, може да се забележи значителен пораст во средствата со коишто ќе располага Општината. При неговото креирање беа земени предвид остварените приходи и расходи од претходните години, како и реалните проекции за приходите…

Отворен ден со граѓаните на 28 ноември во просториите на Општина Илинден

Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2026 година, при што во текот на месец ноември граѓаните имаа можност да пополнат буџетски прашалник, да ги искажат своите идеи и предлози и да учествуваат во подготовката на новиот буџет.

Известување

Општина Илинден ги известува жителите дека во изминатиот период до општината пристигнаа повеќе пријави од граѓани кои го користат патниот премин на железничката пруга што се наоѓа во населеното место Илинден, м.в. Плац, за нефункционирање на рампите и сообраќајната сигнализација на железничкиот премин.