Поставени мерачи за мерење на квалитетот на воздух

Во рамки на активностите за следење и мониторирање на квалитетот на амбиенталниот воздух на територија на Општина Илинден, на пет локации  поставени се посебни уреди за мерење на квалитетот на воздухот.

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 06.08.2024 год. (вторник) со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши второто терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

За прв пат отворена лабораторија за испитување на квалитетот на водата во Општина Илинден

Од денеска е пуштена во употреба нова лабораторија за контрола на квалитетот на водата за пиење со која ќе раководи ЈКП „Водовод“-Илинден, а се отвора за прв пат од основањето на претпријатието.

Општина Илинден го решава проблемот со бездомните кучиња

По барање на граѓаните и во насока на решавање на проблемот со бездомни и нерегистрирани кучиња, општина Илинден презема доследна примена на одредбите од Законот за заштита и благосостојба на животните.

Општина Илинден продолжува со приклучување на домаќинствата кон колекторскиот систем Илинден-Марино

Општина Илинден интензивно работи со поврзување на домаќинствата кон Колекторскиот систем за фекална канализација во населените места Илинден и Марино, кој е во вкупна должина од  5000 метри. Деновиве во тек е приклучување на домаќинствата од населеното место Илинден, кон десниот крак од колекторот што ги опфаќа фекалните цевки кои се наоѓаат во профилот на…

Доделени првите Решенија на граѓани за субвенции на инвертер клими

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски ги додели првите Решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување инвертер клими или соларни панели.