Масовно пошумување на Ајватовски рид во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“

Општина Илинден успешно ја спроведе големата акција за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Акција за пошумување се реализира во изминатиот период на повеќе локации, а денес масовно се пошумуваше на Ајватовски рид, делот кој беше опфатен со големите пожари и беше уништена шума во површина од 30 ха.

Акција за пошумување „Зелена Општина Илинден“

Во општина Илинден на повеќе локации се спроведува голема акција за пошумување, во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Во рамки на акцијата која ќе трае во наредниот период ќе бидат засадени над 2000 садници од повеќе видови, а целта е да се придонесе за подобрување на квалитетот на воздухот, унапредување на животната средина, како…

Работилница во рамки на проектот „Патеки за зелени микро акредитиви“

Во рамки на проектот Вештини за зелена транзиција – Патеки за зелени микро акредитиви во кој е дел и Општина Илинден, а во организација на Стопанската комора за мал бизнис, се одржа работилница во просториите на Дом на култура „Илинден“.

Презентирана Физибилити студија за управување со органски отпад со компостара

Во просториите на Домот на култура „Илинден“ се одржа презентација на Физибилити студија за систем за управување со органски отпад со компостара за општините Илинден и Гази Баба“.

Чистење на каналската мрежа

Со цел да се продолжи со редовно чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на Општина Илинден и во 2024 година, од страна на Општина Илинден е донесен Акционен план за чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на општина Илинден за 2024 година со дефинирани вкупно 22 900 метри (главна, секундарна и…

Извршена есенска дератизација и дезинфекција на територија на општина Илинден

Во согласност со програмата за спроведување општи мерки за заштита на населението од заразни болести за 2024 година, општина Илинден изврши есенска дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територија на Општината.