Општина Илинден со акција за чистење на дива депонија
Општина Илинден реализираше акција за чистење на дива депонија во близина на парк шумата во н.м. Миладиновци како и на потегот од Миладиновци кон автопатот од левата и десната страна.
Општина Илинден реализираше акција за чистење на дива депонија во близина на парк шумата во н.м. Миладиновци како и на потегот од Миладиновци кон автопатот од левата и десната страна.
Со засадување на листопадни високорастечки садници, Општина Илинден почна со реализација на еколошката акција за озеленување на повеќе локации во урбаниот дел на општината, во рамки на проектот „Зелена општина Илинден”. Акцијата се спроведе во соработка со ЈКП „Илинден” и ЈКП „Водовод, како и општествено одговорни компании од бизнис секторот, а целта е да се…
Општинскиот противпожарен сојуз „Илинден“ почна со спроведување на Курс за доброволни пожарникари, каде што ќе учествуваат трисетина доброволни пожарникари од доброволните противпожарни друштва од Ајватовци, Илинден, Мршевци, Дељадровци и Бунарџик.
Како дел од Програмата за заштита на населението од заразни болести за 2021 година, стручни екипи извршија редовна есенска дератизација за уништување на глодарите и дезинфекција на јавните објекти на територија на Општината.
Во текот на месец октомври општина Илинден во координација со Водостопанство „Скопско Поле” – Скопје изврши машинско чистење на речното корито на Сува Река на потегот низ централниот дел на Миладиновци. Исчистени се 2700 метри (планирани беа 2500 метри), при што се отстранети трска, капини, шавор и друг наносен материјал.