Нови контејнери за отпад за потребите на ЈКП „Илинден“

Со цел обезбедување квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните Општина Илинден интензивно работи на опремување и  модернизирање на општинските јавни претпријатија.

Со засадување на декоративни садници Општина Илинден се вклучи во одбележувањето на Светскиот ден на климатските промени

По повод одбележувањето на 4 ноември Светски ден на климатеските промени, Општина Илинден активно се вклучи со неколку активности со цел подигнување на јавната свест во зачувувањето на животната средина.

ЈКП ,,Илинден” со ново возило за комунален отпад

Возниот парк на ЈКП ,,Илинден” од општина Илинден се поднови со  специјално возило за собирање на комунален отпад со капацитет од 7м3. Ова возило ќе ги замени старите и дотраени возила наменети за собирање на комунален отпад од најтесните улички низ населените места.

Известување

Општина Илинден продолжува со реализација на Годишната Програма за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести на подрачјето на Општина Илинден за 2023 година. Од страна на стручните служби на вршителот на услуга на ден 02.10.2023 година извршена е есенска дератизација по шахти на јавни површини за уништување на глодари, при…

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 20.09.2023 год. (среда ) со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши петото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 22.08.2023 год. (вторник ) со почеток во 23:00 часот, ќе се изврши четвртото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.