Завршни работи на пешачката патека во Мралино во должина од 700 метри
Градежните активности во Општина Илинден продолжуваат да се одвиваат со интензивно темпо, финишира изградбата на пешачката патека во н.м. Мралино во должина од 700 метри.
Градежните активности во Општина Илинден продолжуваат да се одвиваат со интензивно темпо, финишира изградбата на пешачката патека во н.м. Мралино во должина од 700 метри.
Општина Илинден започна со реконструкција на главната улица во Мралино, во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура, изградба, реконструкција, санација и рехабилитација на локалните улици и патишта. Станува збор за капитален проект кој опфаќа реконструкција на главната улица во Мралино во должина од 650 метри и изградба на пешачка патека по должина на…
Општина Илинден започна со модернизација и реконструкција на водоводниот систем, со цел поквалитетни услуги за побезбедна и поздрава вода за пиење за граѓаните и зголемување на капацитетот на водоснабдувањето.
Со цел подобра комуникација со централното градско подрачје во вечерните часови и по барање на жителите на општина Илинден, од ноќеска почнува да функционира пробна ноќна линија со број 63б, која ќе сообраќа од Транспортен центар Скопје до н.м. Мралино во деновите сабота и недела во терминот 00:15 часот.
Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевскки, денеска додели 34 смарт таблети во ООУ „Ристо Крле”, по повод новогодишните и божиќните празници. Смарт уредите се наменети за ученици од IV одделение, со цел успешно следење на наставата, по новиот концепт и програма.
Во рамки на проектот „Редовно чистење и одржување на каналската мрежа и речните корита”, Општина Илинден во координација со Водостопанство „Скопско Поле” – Скопје интензивно работи на чистење на каналите и пробивање на нови, со цел проточност на каналската мрежа како и заштита на имотите на граѓаните од поплави на куќите и имотите во сите…