Изградба на колекторскиот систем во Миладиновци

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во работните активности во населеното место Миладиновци, каде во тек е изградба на колекторскиот систем во должина од 700 метри, кон кој ќе бидат приклучени околу 100 домаќинства на фекална канализација. Истите во наредниот период ќе бидат поврзани на пречистителната станица во ова населено место.

Подобрени условите во ООУ „Браќа Миладиновци” во Миладиновци

Со цел успешно реализирање на воспитно – образовниот процес, како и подобрување на условите за работа во ООУ „Браќа Миладиновци во н.м. Миладиновци, извршени се повеќе активности во училиштето.

Општина Илинден со акција за чистење на дива депонија

Општина Илинден реализираше акција за чистење на дива депонија во близина на парк шумата во н.м. Миладиновци како и на потегот од Миладиновци кон автопатот од левата и десната страна.

Известување – градежни работи на реконструкција на улица „532“

Се известуваат граѓаните дека од 16.11.2021 година (вторник), ќе продолжат градежните работи на реконструкција на улица „532“, во должина од 2000 метри.На местото на изведување на градежните работи ќе се применува изменет времен режим на сообраќај, со поставена соодветна сообраќајна сигнализација.