Положено свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

По повод одбележувањето на денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври  денеска беше положено свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци. Свежо цвеќе пред споменикот на Аџиларски положи делегација од општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, претставници на општинските јавни установи, сојузот на борци, Здружението на пензионери од Општина…

Асфалтирање на локалниот пат Миладиновци-Бујковци

Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта Општина Илинден го реконструира локалниот пат Миладиновци-Бујковци, кој е во должина од 1500 метри и широчина 5,5 метри.

Со богата музичка програма одбележан патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“ во општина Илинден

Учениците од ООУ ,,Браќа Миладиновци” од Миладиновци го одбележаа патрониот празник на училиштето со богата музичка програма во име на среќата и безгрижната игра.

Во завршна фаза реконструкцијата на детско игралиште во Миладиновци во општина Илинден

Во тек е целосна реконструкција на детското игралиште во населеното место Миладиновци, која е во завршна фаза. Во рамки  на игралиштето поставени се детски реквизити, нишалки и лизгалки, поставена е гумирана подлога, клупа, канти за отпадоци за почиста и поубава средина. Во наредните денови ќе се санира и оштетената заштитна ограда на детското игралиште.

Реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци

Општина Илинден отпочна со реконструкција на локалниот пат Миладиновци-Бујковци, кој е во должина од 1500 метри и широчина 5,5 метри, во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта.

Во н.м. Миладиновци засадени 27.000 садници, Општина Илинден активен учесник во акцијата „Пошумуваме заедно за позелено утре“

Во населено место Миладиновци денеска успешно реализирана акција за пошумување, отпочна акција  со која се засадени 27.000 садници  на простор од 10 хектари, акцијата е поддржана од ДМ Дрогерие Маркт и Македонски шуми со активно учество на Општина Илинден.