Одбележан патрониот празник на ООУ „Браќа Миладиновци“

Со положување свежо цвеќе пред бистата на Браќа Миладиновци, основното општинско училиште „Браќа Миладиновци“ во Миладиновци го одбележа патрониот празник. Настанот беше одбележан со достоинствена церемонија на која присуствуваа градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски, директорот на училиштето Дарко Петковски, пратеничката Драгана Бојковска, како и директори на други образовни институции и на јавните претпријатија.

Асфалтирање на улица во Миладиновци

Со цел подобрување на патната инфраструктура Општина Илинден продолжува со реконструкција на улиците во населените места, а во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта.

Положено свежо цвеќе пред споменикот на Васил Стојанов-Аџиларски

По повод одбележувањето на денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври  денеска беше положено свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци.

Пуштено во употреба спортското игралиште во Миладиновци

Општина Илинден со засилено темпо работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Денеска беше пуштено во употреба спортското игралиште во населено место Миладиновци, кое се наоѓа во рамки на општинското основно училиште во населено место Миладиновци.