Положено цвеќе пред споменикот на Драго Маневски, македонски бранител и припадник на безбедносните сили

Со положување на свежо цвеќе пред спомен плочата на припадникот на македонските безбедносни сили Драго Маневски,  одбележана 22-та годишнина од смртта на нашиот сограѓанин кој го положи животот во борба за татковината.

Пробиени нови улици во општина Илинден

Градежните активности во oпштина Илинден се одвиваат со засилено темпо, при што се врши и пробивање на нови улици на повеќе локации во општина Илинден, кои се наоѓаат во урбан и вон урбан опфат, односно во земјоделските предели.  

Подобрување на патната инфраструктура во општина Илинден

Општина Илнден континуирано работи на подобрување и модернизирање на локалната патна инфраструктура, со цел обезбедување подобри услови за граѓаните. Во рамки на програмата за Реконструкција, рехабилитација и изградба на локални улици и патишта денеска се асфалтираше улица ,,415” во населено место Марино која е во должина од 150 метри.

Поставена урбана опрема во повеќе населени места во општина Илинден

Општина Илинден интензивно работи на обнова и поставување на нова урбана опрема. Во изминатиот период во неколку населени места поставени се клупи, канти за отпадоци, реконструкција на заштитни огради, со цел разубавување на просторот и создавање квалитетни услови за одмор и рекреација на сите жителите.

Известување

Почитувани граѓани, Ве известувaме дека поради изведување на градежни работи за реконструкција на коловозот на улица 532 во Марино, односно асфалтирање на локалниот пат, кој ќе се работи во деновите 23 и 24 јуни 2023 година (петок, сабота), ќе се изврши промена на времениот режим на сообраќај на оваа улица и истата ќе биде затворена…

Изградба на фекална канализација во Марино

Во населеното место Марино започна со изградба на фекална канализација на два крака од улица “500“ ,  во вкупна должина од 250 метри. Новата канализациона линија ќе биде изведена со полиетелиенски цевки со димезија Ø 200 и со истата ќе бидат опфатени околу 20 домаќинства. Новоизградената фекална канализација на овие два крака од улица “500“…