Асфалтирана улица „11“ во Кадино,

Интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура на територија на Општина Илинден. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта извршено е асфалтирање на дел од улица „11“ во населено место Кадино, во должина од околу 300 метри и широчина од 5,5 метри.

Реконструкција на улица „11“ во Кадино, општина Илинден

Општина Илинден продолжува со градежната офанзива со цел подобрување на условите за живот на граѓаните. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, отпочнаа градежните работи за реконструкција на дел од улица „11“ во населено место Кадино, во должина од околу 300 метри и широчина…

Детско инклузивно игралиште во Кадино

Општина Илинден изврши целосна реконструкција на детското игралиште во населеното место Кадино. Станува збор за детско инклузивно игралиште на кое е поставена околу 300м2 гумирана подлога, видео надзор, детски реквизити, нишалки, лизгалки, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, како и нова заштитна ограда.