Реконструирани детските игралишта
Општина Илинден изврши реконструкција на реквизитите на неколку детски игралишта во населените места Ајватовци и Бунарџик.
Општина Илинден изврши реконструкција на реквизитите на неколку детски игралишта во населените места Ајватовци и Бунарџик.
Во чест на трагично загинатиот припадник на безбедносните сили кој беше член на фудбалскиот клуб „Бунарџик“, на фудбалското игралиште во Бунарџик, се одржа традиционалниот меморијален турнир на кој учествуваа 13 екипи од сите населени места на општина Илинден.
Општина Илинден започна со модернизација и реконструкција на водоводниот систем, со цел поквалитетни услуги за побезбедна и поздрава вода за пиење за граѓаните и зголемување на капацитетот на водоснабдувањето.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска ја посети една од најголемите компании во Европа за автомобилски делови „Аптив”, каде оствари средба со генералниот менаџер на компанијата Аптив во Македонија, Пиетро Стерпоне. Компанијата „Аптив“ е лоцирана во Технолошката индустриска развојна зона Скопје 1 и во истата се вработени повеќе од 500 лица.
Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевскки, денеска додели 34 смарт таблети во ООУ „Ристо Крле”, по повод новогодишните и божиќните празници. Смарт уредите се наменети за ученици од IV одделение, со цел успешно следење на наставата, по новиот концепт и програма.
Се известуваат корисниците на ЈКП “Водовод“ н.Илинден од населените места Бунарџик и Ајватовци дека поради дефект на главна водоводна линија денес 28.12.2021 година (вторник) водоснабдувањето ќе се одвива со намален притисок, додека утре 29.12.2021 година (среда) ќе има прекин во снабдувањето со вода за пиење. Прекинот во водоснабдувањето ќе трае до завршувањето на санацијата на…