Општина Илинден изврши успешна надградба на пумпната станица ОКТА во Јурумлери

Во пумпната станица ОКТА во Јурумлери, која обезбедува водоснабдување за населените места Миладиновци, Бујковци, Текија, Дељадровци и Рафинерија ОКТА, Општина Илинден изврши целосна реконструкција и надградба на пумпниот систем. Проектот има за цел да ја зголеми ефикасноста на системот и да ги намали енергетските трошоци, што ќе обезбеди стабилно и одржливо водоснабдување за сите корисници.

Известување за прекин на водоснабдување

Се известуваат граѓаните од населените места Миладиновци, Бујковци, Текија и Дељадровци кои се снабдуваат со вода за пиење од системот на ОКТА дека поради планирани активности на трафостаница од страна на АД Рафинерија за нафта – ОКТА на 06.07.2025 година (недела) во период од 08:00 до 17:00 часот ќе останат без вода за пиење.   

ИЗВЕСТУВАЊЕ за изведување на градежни работи за реконструкција на локален пат Бујковци – Мршевци!

Ве известуваме дека Општина Илинден отпочна со градежните активности за целосна реконструкција на коловозот на локалниот пат Бујковци – Мршевци

Реконструкција на игралиштето за мал фудбал во Бујковци

Продолжува реконструкцијата на спортските игралишта во сите населени места на територија на Општина Илинден. Деновиве отпочната е реконструкцијата и на фудбалското игралиште за мал фудбал во населено место Бујковци.