Биди дел од проектот „Зелена Општина Илинден“, еколошка акција в петок во н.м.  Ајватовци

Општина Илинден  продолжува со реализација на проектот „Зелена Општина Илинден“, во петок (25.11.2022 година) во населено место Ајватовци ќе бидат засадени 3000 садници, во соработка со претставници  од концептот  „Treebanks“,  непрофитна организација во секторот за зачувување на животната средина.

Продолжува градежната офанзива во општина Илинден, асфалтирани улици во Бунарџик и Дељадровци

Во општина Илинден продолжуваат градежните активности за асфалтирање на повеќе улици и пешачки патеки во повеќе населени места во рамки на акцијата ,,Градежна офанзива”.

Модернизација и реконструкција на водоводниот систем во општина Илинден

Општина Илинден започна со модернизација и реконструкција на водоводниот систем, со цел поквалитетни услуги за побезбедна и поздрава вода за пиење за граѓаните и зголемување на капацитетот на водоснабдувањето.

Осветлен влезот на Ајватовци со ново улично осветлување

Во населеното место Ајватовци во општина Илинден поставена е нова линија на улично осветлување со штедливи лед светилки, во должина од 600 метри, пришто осветлен е влезот и улица „1” во ова населено место.