Пуштено во употреба спортското игралиште во Миладиновци

Општина Илинден со засилено темпо работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Денеска беше пуштено во употреба спортското игралиште во населено место Миладиновци, кое се наоѓа во рамки на општинското основно училиште во населено место Миладиновци.

Меморијален турнир во мал фудбал „Драганчо Стојановски-Прпе“2024

Одржан уште еден спортски настан во Општина Илинден. На спортскиот терен во Дељадровци пред голем број љубители се одржа Меморијален турнир во мал фудбал ,,Драганчо Стојановски-Прпе” 2024, на кој оваа година учествуваа 24 екипи од повеќе општини.

Пуштено во употреба игралиштето за баскет во Кадино

Со засилено темпо Општина Илинден работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Денеска беше пуштено во употреба реконструираното игралиште за баскет во населено место Кадино кое се наоѓа во непосредна близина на црковниот храм.

Изградба на атлетска патека

Општина Илинден отпочна со изградба на атлетска патека и трибина на веќе изграденото мултифункционално игралиште во близина на средното училиште во Илинден. Со завршување на градежните работи овој спортски комплекс ќе добие сосема нов лик кој веќе го носи името на прерано загинатиот бранител Драго Маневски.