Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2024”

Центарот на спортските случувања денес е во Општина Илинден, каде во спортската сала ,,Гоце Делчев” свечено беше отворен 13. традиционален Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2024”. Турнирот е во организација на Македонската џиу џица федерација, а учествуваа над 250 борци, 17 клубови и тоа  од Србија, Црна Гора, Бугарија, Грција, Босна и Херцеговина, Словенија,…

Доделени Решенија за финансиска поддршка за спортисти

Во просториите на Дом на култура „Илинден“, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и оваа година додели Решенија за еднократна финансиска поддршка за спортисти кои се жители на Општина Илинден.

Пуштени во употреба новото детско и кошаркарско игралиште во Бучинци

Општина Илинден со засилено темпо работи на изградба и реконструкција на спортските терени во повеќе населени места. Деновиве беше пуштено во употреба новото детско и кошаркарско игралиште во населено место Бучинци. Во рамки  на детското игралиште поставени детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка, клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со…

На меѓународниот фудбалски турнир ,,ИЛИНДЕН КУП 2024 “ прогласени најдобрите екипи

Во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2024“ кој се одржуваше во Општина Илинден изминатите три дена, денеска се одиграа финалните натпревари на спортските терени во Марино и Кадино. На турнирот имаше околу 2000 учесници од околу 160 екипи, од европски, балкански и македонски клубови, деца на возраст од 7 до 12 години.

По втор пат во Општина Илинден меѓународен фудбалски турнир ,,ИЛИНДЕН КУП 2024 “

И оваа година Општина Илинден е домаќин на меѓународниот фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2024“, такашто од денес до недела Општина Илинден ќе пулсира во духот на спортот. На спортските терени во Марино и Кадино се одржуваат фудбалските натпревари во рамки на меѓународниот фудбалски турнир „ИЛИНДЕН КУП 2024“. На турнирот учествуваат околу 160 европски, балкански и…