Професионална Велосипедска трка во општина Илинден

Во присуство на голем број жители на општина Илинден, љубители на велосипедизмот се одржа Велосипедска трка во организација на Општина Илинден, а во соработка со Велосипедската федерација на Република Македонија, во должина од 100 километри. 

Велосипедска трка во општина Илинден

Општина Илинден во соработка со Велосипедската федерација на Република Македонија, организира Велосипедска трка на територија на општина Илинден која ќе се одржи утре (недела), со времетраење од 12:00 до 16:00 часот.

Спортска манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден“

На спортските терени во општина Илинден изминатите два дена се одржа спортската манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден”, на кои се натпреваруваа учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште ,,Илинден”.

Денови за спорт на младите во општина Илинден

Во општина Илинден на 12.06.2023 (понеделник) и 13.06.2023 (вторник), на спортските терени во општина Илинден, ќе се одржи  спортската манифестација ,,Денови за спорт на младите во општина Илинден”, на кои ќе се натпреваруваат учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште ,,Илинден”.

Меѓународен џудо турнир ,,Скопје Опен 2023” во општина Илинден

Во спортската сала ,,Гоце Делчев”  во општина Илинден денеска свечено беше отворен Меѓународниот џудо турнир ,,Скопје Опен 2023”. Турнирот е во организација на џудо клубот ,,ИПОН” од Скопје а учествуваа преку 250 учесници од џудо клубови од Македонија, Молдавија, Бугарија, Грција, Црна Гора, Косово, Србија, Албанија, Турција и Романија.