Изградба на нов кров на ООУ „Ристо Крле“ во Кадино
Во Општинското основно училиште „Ристо Крле“ се отпочна со реализација на проектот за реконструкција односно, замена на кровната површина на централното училиште во Кадино.
Во Општинското основно училиште „Ристо Крле“ се отпочна со реализација на проектот за реконструкција односно, замена на кровната површина на централното училиште во Кадино.
Успешен почеток на новата учебна година во општина Илинден. Училиштата подготвени ги дочекаа околу 2000 основци и над 300 средношколци. Училишната годината започна во трите централни и шест подрачни училишта, а за прв пат во училишните клупи седнаа 180 првачиња, а во СОСУ „Илинден“ во прва година се запишани околу 70 средношколци.
Учениците од трите општински основни училишта од општина Илинден кои веќе четири дена се на училишен летен камп во еден од македонските туристички центри во Струга, денеска ги посети градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски.
Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски приреди прием на учениците од основните и средното училиште од општина Илинден кои освоија високи места на државните натпревари и им додели признанија за постигнатите резултати.
Со завршна приредба детската градинка ,,Гоце Делчев” од општина Илинден испрати уште една генерација во прво одделение. Со драмска претстава за Црвенкапа и волкот, песна и игра идните првачиња, кои од септември ќе седнат во училишните клупи, се поздравија со своите воспитувачки.
Градоначалникот на Општина Илинден, а воедно и претседател на Советот за развој на Скопски плански регион, Александар Георгиевски денеска ја одржа дванаесеттата седница на која меѓу точките беше, избор за директор на Центарот за развој на Скопски плански регион.