Одбележан патрониот празник на ООУ „Ристо Крле“

Во основното училиште „Ристо Крле“ во населеното место Кадино, заедно со подрачните училишта од Мралино и Бунарџик, во свечена и пријатна атмосфера беше одбележан патрониот празник на училиштето. Настанот изобилуваше со бројни активности преку кои учениците ја изразија својата креативност и љубов кон знаењето.

Одбележана Детската недела

Под мотото „Правата на детето – безбеден чекор кон среќно детство!“, најмладите ученици од основните училишта во општина Илинден ја прославија „Детската недела“ и станаа дел од Детската организација. На овој посебен ден, првачињата дадоа свечена заклетва, а нивните постари соученици им приредија културно-уметничка програма исполнета со пеење, глума, игра и заедничко другарување.

На прием кај градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, беа гости од српската општина Ќуприја

Во пријателска и срдечна атмосфера, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, оствари средба со претставници од српската општина Ќуприја и од основното училиште „Ѓура Јакшиќ“.

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, во увид на детската градинка „Гоце Делчев“

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во тековната работа на детската градинка „Гоце Делчев“, каде во моментов се одвиваат градежни активности за изградба на нова централна кујна, а набавени се и четири прочистувачи за воздух сместени во заедничките простории, како и реквизити наменети за подобрување на моторниот развој кај децата.

Светските шампиони од „Марбал“ на прием кај градоначалникот Георгиевски

На прием кај градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, денес беа младите танчери од балетското студио „Марбал“, кои неодамна се вратија од Атина, Грција, како светски шампиони на интернационалниот натпревар „WADF GREECE 2025“, под покровителство на Светската федерација за уметнички танц.

Најуспешните ученици од општина Илинден на летен камп во Охрид

И ова лето, Општина Илинден го организира традиционалниот училишен летен камп, како награда за најуспешните ученици од општинските основни училишта. Избраната група на талентирани млади оваа година уживаат во престојот во еден од најпознатите туристички центри во земјава – градот Охрид.