Училиштата во општина Илинден подготвени ќе ги прифатат учениците во новата учебна година

По повод почетокот на новата учебна година, градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски направи обиколка на централните и подрачните основни училишта, детската градинка и средното општинско стручно училиште. Дополнително на тоа, новитет оваа година е отворањето на новото основно училиште во населба Илинден.

Пред почетокот на учебната година во општина Илинден се подобрува сообраќајната сигнализација

Пред почетокот на новата учебна година деновиве на повеќе локации, особено пред училиштата во општина Илинден се врши поставување на хоризонтална и вертикална сообраќајна сигнализација, со цел подобрување на безбедноста на учениците и учесниците во сообраќајот. Во тие рамки се реализира проектот за подобрување на сообраќајната сигнализација на постојните улици во општина Илинден.

ООУ ,,Браќа Миладиновци” во Миладиновци подготвено за стартот на новата учебна година

За успешен почеток на новата учебна година во ООУ ,,Браќа Миладиновци” во Миладиновци интензивно се работи на подготовка на училиштето, во делот на инфраструктурата, како и осовременување и унапредување на квалитетот на воспитно-образовниот процес. За таа цел градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски го посети ова училиште и со директорката Марија Зоксимовска истакнаа дека училиштето…

Обуки за воспитно-образовниот кадар во општина Илинден

Општина Илинден, потпиша Меморандум за соработка со Академија ЦЕС, која во наредниот период ќе спроведе бесплатни обуки за усовршување на наставниците од основните училишта на територија на локалната самоуправа.

Денови на спорт на младите во општина Илинден

Во општина Илинден на 08.06.2022 (среда) и 09.06.2022 (четврток), на спортските терени во општина Илинден, ќе се одржи спортската манифестација ,,Денови на спорт на младите во општина Илинден”, на кои ќе се натпреваруваат учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште ,,Илинден”.