На покривот на средното училиште во Илинден поставени фотоволтаични панели

На покривот на СОСУ ,,Илинден” се поставени фотоволтаични панели, односно, фотоволтаична централа за производство на електрична енергија, во рамки на проектот „ИНОФИН“, Иновативен финансиски модел за поддршка при транзиција кон обновливи извори на енергија.

Фотоволтаични панели поставени на детската градинка во општина Илинден

Во рамки на проектот „ИНОФИН“, Иновативен финансиски модел за поддршка при транзиција кон обновливи извори на енергија, се реализираше завршен настан за промоција за поставениот прототип од фотоволтаични и термални панели кој се постави на кровот на детската градинката „Гоце Делчев“ во општина Илинден.

Показна вежба за заштита од земјотрес и пожар во средното училиште во општина Илинден

Во СОСУ ,,Илинден” во организација на Општина Илинден и училиштето, а во соработка со Црвениот Крст се одржа показна вежба за заштита во случај на елементарни непогоди.

Реализирана показна вежба за евакуација во случај на елементарни непогоди во ООУ „Ристо Крле“, безбедноста на учениците е врвен приоритет

Општина Илинден во соработка со Црвен Крст на Град Скопје, Противпожарната бригада Скопје и припадници на МВР од полициската станица во Петровец, организираше и успешно спроведе симулациона вежба во ООУ „Ристо Крле“ од  Кадино во случај на елементарни непогоди.

Еколошка акција на учениците од ПООУ „Гоце Делчев“, се грижиме за околината и ја развиваме креативноста

На иницијатива на  еколошкото друштво „Јасмин“ при ПООУ „Гоце Делчев“, изминатите два месеца беше спрoведена еко акција  за собирање на пластични капачиња во рамки на програмата чиста и здрава околина.