Со ,,Саем на домашно вино” и закројување на виновата лоза одбележан празникот на лозарите во општина Илинден

Традиционално со закројување на виновата лоза во дворот на црквата Свети Трифун во населеното место Ајватовци,  Општина Илинден го одбележа празникот на лозарите. Празнувањето на православниот празник Свети Трифун почна со Божествена литургија што се одржа пред голем број верници.

Одбележан патрониот празник на детската градинка ,,Гоце Делчев” во општина Илинден

Со прекрасно продготвена приредба, пред поголем број гости, меѓу кои и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, на свечен начин го одбележа 14-тиот патронен празник и 151 годишнина од раѓањето на Гоце Делчев.

Кристијан Ангеловски беше најбрз до светиот крст во општина Илинден

На централната манифестација од одбележувањето на големиот христијански празник Богојавление-Водици, Кристијан Ангеловски од Илинден беше најсреќен меѓу големиот број верници што денеска скокаа во студените води на езерото кај хотелот Белви и го извади светиот крст.

Одбележување на Водици 2023 во општина Илинден

Општина Илинден по повод претстојниот празник Богојавление (Водици) во соработка со Свештените лица од црквата Св. Константин и Елена во населба Илинден, ќе организира положување на светиот крст во водите на езерото во хотелот Белви н.Илинден.

Отворена ликовната изложба ,,Патување” на Новица Трајковски во општина Илинден

Во галеријата на Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден е отворена ликовната изложба на академскиот уметник од општина Илинден, Новица Трајковски наречена ,,Патување”.

Свечено одбележан патрониот празник на општина Илинден “Илинден 2-ри Август“

Со пригодна свеченост и настап на музички гости беше одбележан патрониот празник на Општина Илинден  „Илинден 2-ри Август” и националниот празник на македонскиот народ.