Градоначалникот на Општина Илинден ги пречека бадниковите коледари
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска ги пречека младите коледари кои со песна ја вознесоа веста за Христовото Раѓање.
Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денеска ги пречека младите коледари кои со песна ја вознесоа веста за Христовото Раѓање.
Општина Илинден и оваа година во соработка со општествено одговорни компании подготвија интересни содржини за жителите, каде од 27 до 30 декември во комплексот на Спортско рекреативниот ценар во Марино, под мотото ,,Патека на радоста” се одржува Новогодишен базар.
Во галеријата на Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден отворена e ликовната изложба на академскиот уметник од општина Илинден, Новица Трајковски наречена ,,Патување”.
Учениците од ООУ ,,Ристо Крле” од Кадино како и подрачните училишта во Мралино и Бунарџик на свечен начин и со повеќе дневна програма и активности го одбележаа патрониот празник на училиштето.
По повод одбележувањето на денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври денеска беше положено свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во населено место Миладиновци. Свежо цвеќе пред споменикот на Аџиларски положи делегација од општина Илинден предводена од градоначалникот Александар Георгиевски, претставници на општинските јавни установи, сојузот на борци, Здружението на пензионери од Општина…
Под мотото „Јас и светот околу мене“, првачињата од основните училишта од општина Илинден ја одбележаа „Детската недела“ и станаа членови на Детската организација. На овој значаен ден за нив тие дадоа свечена заклетва, а во таа чест нивните поголеми другарчиња им приредија културно уметничка програма, во која дечитара глумеа, играа, пееја и другаруваа.