Отворена ликовната изложба ,,Патување” на Новица Трајковски во општина Илинден

Во галеријата на Домот на култура ,,Илинден” во општина Илинден е отворена ликовната изложба на академскиот уметник од општина Илинден, Новица Трајковски наречена ,,Патување”.

Одржана трибина по повод годишнината од смртта на Војводата Васил Стојанов Аџаларски

По повод 113. години од смртта на Војводата Васил Стојанов Аџаларски, во Домот на културата „Илинден“, во организација на Здружението за чување и негување на македонската традиција „Македонски Аманет“, беше одржана трибина за ликот и делото на скопскиот војвода.

Свечено одбележан патрониот празник на општина Илинден “Илинден 2-ри Август“

Со пригодна свеченост и настап на музички гости беше одбележан патрониот празник на Општина Илинден  „Илинден 2-ри Август” и националниот празник на македонскиот народ.

Општина Илинден ќе го одбележи патрониот празник “Илинден 2-ри Август“ со настап на Ибуш Ибраимовски и Ламбе Алабаковски

На ден 28.07.2022 година (четврток) со почеток во 20:00 часот, во амфитеатарот во комплексот на Домот на култура „Илинден“, во населба Илинден на свечен начин ќе биде одбележан патрониот празник на Општина Илинден “Илинден 2-ри Август“ и националниот празник на македонскиот народ.

Ламбе Алабаковски специјален гостин за патрониот празник на Општина Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска во својот кабинет ја прими македонската пејачка ѕвезда Ламбе Алабаковски, кој ќе настапи по повод одбележувањето на националниот празник на македонскиот народ и патрониот празник на Општина Илинден ,,Илинден 2-ри Август”.

Во Домот на култура „Илинден“ се одржа поетскиот митинг „Стихови за душата“

Во Домот на култура „Илинден“ се одржа Поетскиот митинг „Стихови за душата“ со кој, како централен настан, беа заокружени Деновите на културата во општина Илинден.