Општина Илинден започна со изградба на нова канализациона линија на ул. „8“ во н.м Илинден

Општина Илинден започна со реализација на нов инфраструктурен проект – изградба на нова канализациона линија на ул. „8“ во населеното место Илинден со цел подобрување на комуналните услови за жителите.

Општина Илинден продолжува со заштита на животната средина преку чистење на каналската мрежа

Општина Илинден продолжува со интензивни активности за чистење и одржување на речните корита и одводните канали на територија на општината, при што во тек е машинско чистење на речното корито на Сува Река, на потегот од населеното место Миладиновци кон Текија и Дељадровци досега е исчистен дел во должина од 2.500 метри.

Нов препумпен уред за фекална канализација во населба Илинден

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден се реализираат градежните работи за поставување и монтажа на препумпен уред во населено место Илинден.

Увид во изградбата на секундарната линија на фекална канализација во месноста Плац

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, денес изврши увид на градежните работи за изградба на секундарната линија на фекална канализација, која е неопходна да се извршат приклучоците за домаќинствата на веќе изградената фекална канализација во месноста Плац, во Илинден.

Градоначалникот Георгиевски изврши увид на системот за фекална канализација во н.м Кадино

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид на завршувањето на капиталниот инфраструктурен проект за изградба на фекална канализација, во најниските делови од источниот и јужниот дел на населеното место Кадино, во општина Илинден.

Пуштање во употреба на пумпна станица и спој на колекторскиот систем Илинден-Марино

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден се изврши пуштање во употреба на пумпна станица и спој на колекторскиот систем за Илинден и Марино.