Асфалтирање на улици во Марино
Интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура во општина Илинден. Денеска асфалт добија 4 краци на улица „531“ во населено место Марино, со вкупна површина од околу 800м2.
Интензивно се работи на подобрување на патната инфраструктура во општина Илинден. Денеска асфалт добија 4 краци на улица „531“ во населено место Марино, со вкупна површина од околу 800м2.
По претходно асфалтираните два крака од улица „11“ се продолжи со асфалтирање и на останатите 7 краци од истата улица. Деновиве се асфалтираа крак 2, крак 3, крак 5, крак 6, крак 7, крак 8 и крак 9. Со асфалтирањето на овие седум краци заврши комплетно асфалтирањето на сите 9 краци од улица „11“.
Отпочна изградбата на новиот дел за доградба на централниот објект на детската градинка „Гоце Делчев“ во општина Илинден, каде на свеченоста покрај големиот број присутни беа и градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски како и Подпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.
Општина Илинден започна со реализација на капиталниот проект за изградба на фекална канализација. На терен отпочнаа градежните работи за изгрaдба на дел од фекална канализација во населба Илинден во месноста викана Плац во должина од 4200 метри, како и изградба на препумпни уреди, односно ќе се зафати површина од 46 хектари.
Општина Илинден интензивно работи на подобрување на постоечката патна инфраструктура. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, деновиве со засилено темпо се работи на 9 краци од улица „11“ во населба Илинден, кои за прв пат се асфалтираат.
Продолжува реализацијата на проектот „Илинден-Светла Општина”, кој опфаќа проширување и модернизација на уличното осветлување, со поставување нови линии на улиците во сите населени места, поставување на електрични столбови, зголемување на бројот на електрични светилки и тековно одржување на јавното осветлување.