Асфалтирани улици во Дељадровци и Текија

Општина Илинден со интензивно темпо работи на подобрување на патна инфраструктура во сите населени места. Деновиве асфалт добија два крака на улица „1“ во населено место Дељадровци во вкупна должина од околу 200 метри, како и две улици во населено место Текија, односно на улицата кај подрачното основно училиште и улица „1“ кои вкупно зафаќаат…

Реконструкција на улици во Текија

Општина Илинден продолжува со реконструкција на неколку улици на нејзина територија, со цел подобрување на патна инфраструктура. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта, деновиве започна реконструкција и санација на две улици во населено место Текија. Станува збор за реконструкција на улицата кај подрачното…

Реконструкција на улици во Дељадровци

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на постоечката патна инфраструктура. Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта,  деновиве започна реконструкција и санација на два крака на улица „1“ во населено место Дељадровци во вкупна должина од околу 200 метри.

Пуштено во употреба ново детско игралиште во Ајватовци

Денес во населеното место Ајватовци беше пуштено во употреба новото детско игралиште. Во рамки  на игралиштето поставени се детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка,  клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи и панелна ограда.

Поставен препумпен уред на колекторскиот систем Илинден-Марино

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден се реализираат градежните работи за поставување и монтажа на комплетна пумпна станица односно, препумпен уред на левиот крак на колекторскиот систем Илинден-Марино.

Почна изградбата на ново детско игралиште во Ајватовци

Општина Илинден почна со изградба на ново детско игралиште во населено место Ајватовци. Во рамки  на игралиштето ќе бидат поставени детски реквизити, лулашка, лизгалка, клацкалка,  клупи, канти за отпадоци за почиста и поубава средина, партерно уреден простор со павер елементи и панелна ограда.