Наскоро Општина Илинден ќе добие нов здравствен дом

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и министерот за здравство Арбен Таравари придружувани со заменик министерот за здравство, Јовица Андоновски денеска извршија увид во градежните работи во изградбата на новиот здравствен дом.

Изградба на нова улица и пешачка патека покрај новото училиште

Општина Илинден отпочна со изградба на улица н„6“ во локалната економска зона Ограѓе, во населба Илинден. Оваа Улица претставува сервисна улица со која се поврзува новото подрачно основно училиште „Гоце Делчев“ во н.Илинден како и Домот за стари лица кој е во интензивна градба.

Реконструкција на улица 11 во Стопански комплекс Илинден

Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта отпочнаа градежните активности на улица „11“ во Стопански комплекс  Илинден.

Пуштено во употреба мултифункционалното игралиште во Текија

Општина Илинден изврши целосна реконструкција на спортското игралиште кое се наоѓа во рамки на подрачното општинското основно училиште во населено место Текија, каде од игралиште за мал фудбал сега е мултифункционално игралиште за фудбал, кошарка и ракомет, а дел од комплексот е и новото детско игралиште.

Асфалтирана улица во Јака

Општина Илинден интензивно работи на подобрување на патната инфраструктура. Денеска асфалт доби уште една улица во населбата Јака, односно улица „109“ која е во должина од 430 метри а покрај изградбата и асфалтирањето оваа улица добива и пешачка патека по речиси целата должина на улицата.