Градоначалникот Александар Георгиевски направи увид во изградбата на фудбалскиот стадион во Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во работните активности во реконструкцијата на фудбалскиот стадион во Илинден. Оваа реконструкција на стадионот која се спроведува во неколку фази, Општина Илинден ја реализира во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ).

Поврзување на колекторскиот систем Илинден-Марино со препумпен уред

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден се реализираат градежните работи за изградба на спој на колекторскиот систем на фекална канализација кој минува низ населените места Илинден и Марино со препумпен уред.

Асфалтирање на улица „8“ во населба Илинден

Општина Илинден активно работи на реконструкција на улица „8“ во населба Илинден, пришто денеска се изврши првата фаза од поставувањето на првиот слој асфалт, во должина од 250 метри од вкупно планираните 550 метри.

Отпочна реконструкцијата на улица „8“ во населба Илинден

Во рамки на Проектот за подобрување на патната инфраструктура-изградба, реконструкција, рехабилитација и санација на локалните улици и патишта отпочнаа градежните активности за реконструкција на дел од ул „8“ во Илинден.