Свечено отворен новиот Здравствен Дом

Во присуство на премиерот на Република Македонија, Христијан Мицкоски, министерот за здравство, Азир Алиу, градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, пратеници, директори, советници, како и голем број граѓани и претставници на локалните институции, денес беше свечено отворен новиот Здравствен дом во Илинден. Овој објект претставува капитална инвестиција од големо значење за жителите на општината. Изграден…

Пуштен во употреба теренот на фудбалскиот стадион во Илинден

Со одигрување фудбалски натпревар беше пуштен во употреба теренот на фудбалскиот стадион во општина Илинден. Капитална инвестиција што ја реализираше Општина Илинден во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Овој проект претставува едно од најзначајните инфраструктурни вложувања во спортот на локално ниво и е симбол на континуираниот развој на општината.

Пуштање во употреба на пумпна станица и спој на колекторскиот систем Илинден-Марино

Во рамки на активностите за подобрување на комуналната инфраструктура во Општина Илинден се изврши пуштање во употреба на пумпна станица и спој на колекторскиот систем за Илинден и Марино.

Прв Регионален саем за економски развој во општина Илинден

Во општина Илинден на 26 и 27 јуни (четврток и петок) , ќе се одржи првиот Регионален саем за економски развој „ЕКСПО ИЛИНДЕН 2025“ во просториите на спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден.

Одбележан празникот Свети Константин и Елена во Илинден

Во духот на православната традиција, денес во oпштина Илинден беше одбележан празникот на светите рамноапостоли Константин и Елена. По тој повод, во црковниот храм кој го носи нивното име – „Св. Константин и Елена“ – се одржа света литургија, на која чиноначалствуваа Архиепископот Охридски и Македонски г.г. Стефан и преосветениот Епископ Дељадровско-Илинденски г. Јоаким со…