Положено свежо цвеќе на споменикот на војводата Васил Аџаларски во пресрет на Денот на македонската борба

Општина Илинден во пресрет на  Денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври,   традиционално го одбележа празникот со  положување на свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во н.м Миладиновци.

Реконструиран коловозот на  патниот  железнички премин Дељадровци-Мршевци, отпочната реконструкција на преминот Миладиновци- Бујковци 

Општина Илинден во соработка со ЈП „Македонски железници  и инфраструктура“ , го реконструираше  коловозот на патниот и железнички премин Дељадровци – Мршевци .

Отворен ден за бесплатна правна помош во Општина Илинден

Хелсиншкиот комитет како овластено здружение за пружање на бесплатна правна помош, спроведува активности во рамките на проектот „Унапредување на пристапот до правдата во Република Северна Македонија“ – поддржан од Министерството за надворешни работи на Република Италија за промоција на услугите на бесплатна правна помош.

Започна реконструкција на железничкиот патен премин во Дељадровци

Општина Илинден во соработка со ЈП ,,Македонски железници и инфраструктура” започна со реконструкција и модернизација на железничкиот премин во Дељадровци, а работните активности се предвидува да завршат за седум дена, доколку временските услови го дозволат тоа, период во кој овој патен премин ќе биде целосно затворен за употреба.

ООУ „Гоце Делчев“ победник на општинските натпревари во футсал за осмо и деветто  одделение  

Под покровителство на Општина Илинден и во организација на  сојузот на училишен спорт „Илинден“ и  федерацијата на училишен спорт на Македонија, се одржаа првите општински натпревари во футсал за основни училишта  на кои учествуваа, ООУ „Ристо Крле“, ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Гоце Делчев“. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски,  ги поздрави…