Интензивно се гради колекторскиот систем за фекална канализација Илинден-Марино

Општина Илинден интензивно работи на реализација на капиталниот проект за изградба на колекторски систем во должина од 5000 метри, покрај Главниот отворен канал, којшто минува низ населените места Илинден и Марино, што ќе ги зафати отпадните фекални води што се испуштаат во одводниот канал.

Изградба на колекторскиот систем во Миладиновци

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска направи увид во работните активности во населеното место Миладиновци, каде во тек е изградба на колекторскиот систем во должина од 700 метри, кон кој ќе бидат приклучени околу 100 домаќинства на фекална канализација. Истите во наредниот период ќе бидат поврзани на пречистителната станица во ова населено место.

Со изградбата на новото училиште во општина Илинден ќе се овозможи целодневен престој и сензорна соба за децата со попреченост

Во општина Илинден од следната учебна година за прв пат ќе биде воведен целодневен престој за најмладите ученици, а ќе биде отворена и сензорна соба за децата со попреченост, што ќе биде новитет кај нас.

Градоначалникот Александар Георгиевски изврши увид во изградбата на новото основно училиште

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, изврши увид во изградбата на новото општинско основно училиште во населба Илинден. Притоа, на самото место тој се запозна со деталите околу тоа како се одвива изградбата на училишната зграда која што треба да биде завршена до крајот на годината, а првите ученици да ги прими на почетокот од…