Општина Илинден започна со изградба на пешачка патека во Миладиновци

Во рамки на акцијата ,,Градежна офанзива во Илинден” денес започна изградбата на пешачката птека во н.м Миладиновци. Пешачката патека ќе биде  во должина од околу 800 метри и ќе се протега од влезот на Миладиновци, па се до паркот со споменикот на Васил Аџаларски.

Продолжува градежната офанзива, изградена нова улица во локалната економска зона Ограѓа во Илинден

Во рамки на акцијата ,,Градежна офанзива” како и дел од проектот за подобрување на патната инфраструктура во локалните економски зони, Општина Илинден продолжува со изградба на нови улици.

Се гради инфраструктурата околу новото основно училиште во населба Илинден

Во населба Илинден во тек се градежни активности во кругот на новата училишна зграда наменета за основно образование. Во моментот се работи на партерно уредување, уредување на приодите кон училиштето, изградба на паркинг простор, како и на другата инфраструктура неопходна за функционирање на новото основно училиште.

Почна изградба на канализациски систем со кој ќе бидат опфатени стопанските објекти од економската зона Ограѓа

Во рамките на реализацијата на капиталниот проект за изградба на фекална канализација за зафаќање и третман на отпадните води и пречистителни станици, во населба Илинден почна изградба на канализациски систем со кој ќе бидат опфатени стопанските објекти од економската зона Ограѓа.

Модернизација и реконструкција на водоводниот систем во општина Илинден

Општина Илинден започна со модернизација и реконструкција на водоводниот систем, со цел поквалитетни услуги за побезбедна и поздрава вода за пиење за граѓаните и зголемување на капацитетот на водоснабдувањето.