Известување во врска со јавниот градски превоз

Општина Илинден, по бројни реакции од страна на граѓаните во врска со јавниот градски превоз, ги известува сите жители на општина Илинден дека сите мерки во рамки на општината, во врска со ургенции, барања и известувања за редовноста на автобусите се поднесени до Јавното сообраќајно претпријатие (ЈСП) и до Град Скопје.

ИЗВЕСТУВАЊЕ – Затворен јавниот повик за доделување на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими

Во врска со објавениот јавен повик за доделување на еднократна парична помош за набавка на инвертер клими или соларни панели во 2025 година за жителите на Општина Илинден , Ве известуваме дека објавениот јавен повик се затвара поради исцрпување на предвидените финансиски средства и исполнување на квотата на поднесени барања.

Хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”

Во пресрет на големиот христијански празник Велигден, Општина Илинден и оваа година ја организира голема хуманитарна акција – „Подај рака-хумана општина Илинден”, за донација на храна и хигиенски средства.

Општина Илинден ќе донира 500.000 денари финансиска помош за настраданите во пожарот во Кочани

Општина Илинден ќе донира 500.000 денари за настраданите во пожарот во Кочани. По трагичниот пожар што ја зафати дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, при што загинаа најмалку 59 лица, а над 190 се повредени, градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, изрази длабоко сочувство и солидарност за погодените семејства и предложи до…

ИЗВЕСТУВАЊЕ

На ден, 22.03.2025 година, во Пробиштип ќе се одржи манифестацијата „Зелникот на баба“. Сите заинтересирани коишто сакаат да учествуваат на оваа манифестација можат да се пријават најдоцна до 18.03.2025 година, кај Лиле Томова на телефонскиот број: 078/351-314.