Известување
Почитувани граѓани ,
Општина Илинден по повод 27 Меѓународна Литературна Манифестација „Илинден 2026“ распишува литературен награден конкурс на тема „Екскурзија во моето омилено место во светот“. За учениците од основните училишта од општина Илинден.
Општина Илинден потпиша договор со компаниите од Стопанскиот комплекс „Илинден“ за реализација на значаен инфраструктурен проект за реконструкција на мостот на влезот во локалната економска зона во населба Илинден.
Општина Илинден и годинава ја продолжува поддршката за локалните земјоделци преку обезбедување бесплатни агрохемиски анализи на почвата. Во соработка со Факултет за земјоделски науки и храна, Општината објави Јавен повик за пријавување на заинтересирани земјоделци, со цел подобрување на квалитетот и продуктивноста на земјоделското производство.
Општина Илинден, заедно со Иницијативниот одбор за млади, објавува повик за членови на конститутивното Локално собрание за млади во согласност со член 46-а, став 3, од Статутот на Општина Илинден и член 17, став 4, од Законот за младинско учество и младински политики.
По повод Меѓународниот ден на жената 8-ми март Општина Илинден во соработка со Комисијата за еднакви можности организира интерактивна работилница посветена на самодовербата, личната вредност на жената како и еднаквите можности „Јас вредам – денес и секој ден“.