Известување – терестично прскање против комарци

Се известуваат жителите на Општина Илинден дека на ден 13.06.2025 год. (петок ) со почеток во 22:00 часот, ќе се изврши првото терестично прскање против комарци (адултицидна дезинсекција) за уништување на возрасни форми на комарци.

ИЗВЕСТУВАЊЕ

за информирање на граѓаните и засегнатите страни, за проект кој предвидува реконструкција/адаптација на објект и ставање на увид на документот од јавен интерес – „Листа за проверка (чек-листа) за планот за управување со животната средина и социјалните аспекти (ПУЖССА)” во Општина Илинден. Со цел развој на социјалните услуги на локално ниво Министерството за социјална политика,…

Доделени Решенија за субвенции на инвертер клими

Градоначалникот на Општина Илинден Александар Георгиевски и оваа година додели Решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување инвертер клими или соларни панели.

Доделени Решенија за субвенции на велосипеди во општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски и оваа година ги додели Решенијата на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување на велосипеди.

Општина Илинден се вклучи во големата еколошка акција ГЕНЕРАЛКА ВИКЕНД 2025

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски заедно со општинската администрација, јавните комунални претпријатија, училиштата и граѓаните и оваа година се вклучија во големата еколошка акција „Генералка викенд“. Акцијата која е во организација на „Мен енд маунтен“ се спроведува со поддршка на Пивара Скопје, Пакомак и Нула Отпад, а главната цел е да се подигне еколошката…

Општина Илинден изврши ларвицидна дезинсекција

Како дел од „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“ од 2025 година, Општина Илинден реализира прскање против ларви од комарци на целата територија на општината.