Извршена пролетна дератизација за уништување на глодари

Како дел од „Програмата за спроведување на општи мерки за заштита на населението од заразни болести“ од 2025 година, извршена е редовна пролетна дератизација за уништување на глодари на 1073 шахти. А во тек е и спроведување на дезинфекција на јавни објекти на површина од 3300 м², меѓу кои е општинската зграда, како и домовите…

Општина Илинден продолжува со реализација на проектот „Зелена Општина Илинден“

Општина Илинден продолжува да ја спроведува акцијата за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Оваа иницијатива подразбира засадување на што е можно повеќе дрвја во урбаните делови на oпштината.

Објавен јавен повик за бесплатни агрохемиски анализи за земјоделците

Општина Илинден, и оваа година објави Јавен повик за спроведување на бесплатни агрохемиски анализи на обработлива почва, во соработка со Факултетот за земјоделски науки и храна (ФЗНХ) од Скопје. Целта на Јавниот повик е да се унапреди и да се прошири земјоделската дејност во Општина Илинден, со цел да се поттикне развој на земјоделството и…

Општина Илинден изработува Локален еколошки акционен план – ЛЕАП 2025-2030

Општина Илинден отпочна со изработка на Стратешкиот документ ЛЕАП – Локален еколошки акциски план на Општина Илинден за периодот од 2025-20230 година, за таа цел се одржа јавна презентација во Домот на култура „Илинден“.

Промовирано ново возило на ЈКП „Водовод“

Општина Илинден во континуитет ги подобрува комуналните услуги. Денес беше промовирано новото возило на ЈКП „Водовод“ цистерна за фекални отпадни води, пришто е подновен возниот парк на претпријатието. Специјалното возило за фекални отпадни води е со капацитет од 5м³.

Масовно пошумување на Ајватовски рид во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“

Општина Илинден успешно ја спроведе големата акција за пошумување во рамки на проектот „Зелена Општина Илинден“. Акција за пошумување се реализира во изминатиот период на повеќе локации, а денес масовно се пошумуваше на Ајватовски рид, делот кој беше опфатен со големите пожари и беше уништена шума во површина од 30 ха.