ПРИВРШУВА ИЗГРАДБАТА НА КОЛЕКТОРСКИОТ СИСТЕМ ЗА ФЕКАЛНА КАНАЛИЗАЦИЈА ИЛИНДЕН-МАРИНО

Општина Илинден продолжува со интензивна изградба на капиталниот проект Колекторски систем за фекална канализација во населените места Илинден и Марино во должина од 5000 метри.

Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) ја посети општина Илинден

Претставници на Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ) ја посетија општина Илинден при што остварија работна средба со градоначалникот Александар Георгиевски. На средбата се разговараше за заедничката соработа остварена меѓу ГИЗ и општина Илинден во делот на имплементирање на БФЦ сертификатот, како и имплементирање на регионалниот проект „Управување со отпад од пакување од стакло во…

Засадени 30.000 садници на неколку локации во општина Илинден

Во општина Илинден на повеќе локации се спроведува голема акција за пошумување, во населеното место Миладиновци и околината, особено во делот каде имаше пожари. Акцијата за пошумување се спроведува во рамки на проектот „Зелена општина Илинден” во соработка со ЈП „Македонски шуми”, ЈКП „Илинден” како и општинската администрација. Во рамки на акцијата ќе бидат засадени…

Интензивно се гради колекторскиот систем за фекална канализација Илинден-Марино

Општина Илинден интензивно работи на реализација на капиталниот проект за изградба на колекторски систем во должина од 5000 метри, покрај Главниот отворен канал, којшто минува низ населените места Илинден и Марино, што ќе ги зафати отпадните фекални води што се испуштаат во одводниот канал.