Ученици од ООУ ,,Гоце Делчев” на посета кај градоначалникот Александар Георгиевски

Во рамки на воспитно-образовната програма во ООУ„Гоце Делчев“, ученици од четврто одделение беа во посета на градоначалникот, Александар Георгиевски и локалната самоуправа.

Градоначалникот на Општина Илинден на завршната конференција за проектот ,,Управување со отпад од стакло на Западен Балкан”

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски и директорот на ЈКП ,,Илинден” Борче Мицановски присуствуваа на завршната Конференција на проектот ,,Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан”, под слоганот ,,Ѕвончето те повикува – рециклирај стакло”.

Општина Илинден и граѓаните заеднички го креираат Буџетот, презентирани нови предлози и идеи

Во рамки на проектот „Отворен ден во твојата Општина“, денеска во просториите на Општина Илинден граѓаните ги презентираа своите идеи и предлози во функција за подобрување на квалитетот на условите за живот.

Проект „Зелена Општина Илинден“, засадени нови садници во образовно спортската зона Илинден-Марино

Во рамки на континуираниот проект „Зелена Општина Илинден“ денеска е реализирана нова акција во која засадени се над 50 високо растечки декоративни дрвца од повеќе видови, во соработка со општествено одговорни компании со кои во следниот период ќе бидат засадени повеќе од 200 разни садници.

Транспарентно, отворено и отчетно, нови предлози од граѓаните за Буџетот во 2023 година за модерна  и просперитетна Општина Илинден

Во рамки на проектот „Отворен ден во твојата Општина“, денеска остварена нова средба со граѓаните, предлозите се значајни во креирањето на иднината на Општина Илинден, преку имплементирање на идеите за идниот развој, заеднички го изготвуваме новиот Буџет за 2023 година.

3 Декември – Меѓународен ден на лицата со попреченост, Општина Илинден  максимално  работи да им го олесни секојдневието

Меѓународниот ден на лицата со посебни потреби 3-Декември, Општина Илинден пoсветува посебно внимание на овие лица, нивните права за еднаквост со другите,  самостојно живеење и функционирање во општеството.