Општина Илинден обeзбеди машина за пробивање на канализациски линии

Во насока на навремено и брзо одржување на  канализациските системи,  и подобрување на квалитетот  на комуналните услуги,  како и обезбедување на самстојност во  работата, ЈКП Водовод и Oпштина Илинден , набавија машина со која ќе се пробиваат запушените канализации. -Со оваа набавка  ќе се реши повеќегодишниот проблем, воедно ќе се намалат трошоците кои претпријатието ги…

Градоначалниците на Илинден и Гази Баба во посета на Словенија

Градоначалникот на општина Илинден Александар Георгиевски, градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски и секретарот на Град Скопје Ѓоко Велковски присуствуваат во повеќедневна посета на Вишња Гора, Република Словенија.

Градоначалникот Георгиевски ја отвори Работилницата за развој на социјални услуги на регионално ниво

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, во својство на претседател на Советот за социјална заштита на Скопскиот плански регион, ја отвори Работилницата за развој на социјални услуги на регионално ниво.

Општина Илинден и општина Петровец ќе работат на заеднички проекти

Во просториите на општина Илинден градоначалникот Александар Георгиевски оствари работна средба со градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски, на која стана збор за реализација на проекти од заеднички интерес на двете општини.