Положено свежо цвеќе на споменикот на војводата Васил Аџаларски во пресрет на Денот на македонската борба

Општина Илинден во пресрет на  Денот на македонската револуционерна борба 23-ти Октомври,   традиционално го одбележа празникот со  положување на свежо цвеќе пред споменикот на војводата Васил Стојанов-Аџаларски, во н.м Миладиновци.

Започна реконструкција на железничкиот патен премин во Дељадровци

Општина Илинден во соработка со ЈП ,,Македонски железници и инфраструктура” започна со реконструкција и модернизација на железничкиот премин во Дељадровци, а работните активности се предвидува да завршат за седум дена, доколку временските услови го дозволат тоа, период во кој овој патен премин ќе биде целосно затворен за употреба.

ООУ „Гоце Делчев“ победник на општинските натпревари во футсал за осмо и деветто  одделение  

Под покровителство на Општина Илинден и во организација на  сојузот на училишен спорт „Илинден“ и  федерацијата на училишен спорт на Македонија, се одржаа првите општински натпревари во футсал за основни училишта  на кои учествуваа, ООУ „Ристо Крле“, ООУ „Кочо Рацин“, ООУ „Браќа Миладиновци“ и ООУ „Гоце Делчев“. Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски,  ги поздрави…

Во Општина Илинден продолжи градежната активност, асфалтирана  улицата 24 во должина од 620  метри

Улицата 24  во населено место Илинден, е комплетно асфалтирана во целосна должина од 620 метри со широчина од 6 метри, поставени се нови ивичњаци за поголема безбедност. Комплетното асфалтирање е завршено во рок од седум дена, Општина Илинден со ова продолжи со своите   активности за реконструкција на патната инфраструктура  во  населените места во општината, во…

Нова бесплатна интернет зона во Општина Илинден

Општина Илинден  за своите граѓани обезбеди бесплатен интернет пристап во комплетна должина на пешачката и велосипедска патека  Марино-Кадино. Согласно својата програма за работа, од денеска е обезбеден бесплатен безжичен интернет на  патеката во целосната нејзина должина. Определбата на Општина Илинден е да им овозможи бесплатни услуги на своите граѓани неопходни во секојдневното функционирање за лична…