Известување за водоснабдување со намален притисок

Се известуваат корисниците на ЈКП “Водовод“ н.Илинден дека поради дефект на главна водоводна линија денес 02.02.2024 година (петок) водоснабдувањето ќе се одвива со намален притисок. Водоснабдувањето ќе се нормализира по завршувањето на интервенцијата. Со почит,ЈКП „Водовод“ н.Илинден https://www.jkpvodovodilinden.com.mk/novosti.html

Чистење на каналската мрежа во општина Илинден

Со цел да се продолжи со редовно чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на Општина Илинден и во 2024 година, од страна на Општина Илинден е донесен Акционен план за чистење и одржување на каналската мрежа на територијата на општина Илинден за 2024 година со дефинирани вкупно 22 900 метри (главна, секундарна и…

Чистење на каналската мрежа

Со цел да се обезбеди проточност на каналската мрежа од почетокот на годината досега исчистени се околу 22 километри, отворени одводни канали што се наоѓаат на територија на општина Илинден, во соработка со Водостопанство „Скопско Поле“, додека во соработка со ЈКП „Илинден“, општествено одговорни компании и граѓаните досега исчистени се околу 34 километри каналска мрежа.

Нови контејнери за отпад за потребите на ЈКП „Илинден“

Со цел обезбедување квалитетни и ефикасни комунални услуги за потребите на граѓаните Општина Илинден интензивно работи на опремување и  модернизирање на општинските јавни претпријатија.