Доделени првите Решенија на граѓани за субвенции на велосипеди во општина Илинден

Во просториите на Општина Илинден Градоначалникот Александар Георгиевски ги додели првите Решенија на граѓаните кои имаа поднесено барање за добивање еднократна парична помош за купување на велосипеди. Како што истакна градоначалникот Георгиевски, Општина Илинден за прв пат ја спроведува оваа мерка за субвенционирање на купување на велосипеди, со цел да се стимулираат граѓаните почесто да…

Градоначалникот на Општина Илинден и Претседател на Скопски плански регион, Александар Георгиевски се сретна со претставници на УКИМ

Во просториите на Ректоратот на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје, се одржа состанок со Gernot Walter координаторот за Западен Балкан во Владата на Штаерска, Република Австрија. На состанокот присуствуваше  м-р Александар Георгиевски, градоначалник на Општина Илинден и Претседател на Советот за развој на Скопскиот плански регион, како и проф. д-р Валентина Гечевска, проректор за наука…

Градоначалникот на Општина Илинден оствари средба со пратеник и заменик градоначалник од Република Србија

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска оствари работна средба со заменик градоначалникот на Општина Нова Црња од Војводина, Република Србија, господин Драган Даничиќ, како и пратеникот од таа Општина  во покраинското Собрание на Војводина, господин  Дејан Панич.

Шампионите на Македонија во Детската лига во фудбал на прием кај градоначалникот на општина Илинден

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски приреди прием на членовите на ФК Гроздановски, кои го освоија шампионското место во Македонија со генерациите 2009 и 2013, на финалните натпревари од ФФМ Детска лига за сезона 2022 година.

Општина Илинден и општина Петровец ќе работат на заеднички проекти

Во просториите на општина Илинден градоначалникот Александар Георгиевски оствари работна средба со градоначалникот на општина Петровец Борче Митевски, на која стана збор за реализација на проекти од заеднички интерес на двете општини.