Општина Илинден и граѓаните заеднички го креираат Буџетот, презентирани нови предлози и идеи

Во рамки на проектот „Отворен ден во твојата Општина“, денеска во просториите на Општина Илинден граѓаните ги презентираа своите идеи и предлози во функција за подобрување на квалитетот на условите за живот.

Предложи ја твојата идеја за подобра Општина Илинден,  отворен ден за средба со граѓаните  на 3,4,10 и 11 декември во просториите на Општината

Општина Илинден е во процес на изработка на новиот Буџет за 2023 година, ги повикуваме сите граѓани, претставници на граѓански здруженија и правни лица на средба во Општината на 3,4,10 и 11 декември со почеток од 11.00 до 14.00 часот со градоначалникот Александар Георгиевски за активно и заедничко креирање на буџетот.