Денови за спорт на младите во општина Илинден

На 05.06.2024 (среда) и 06.06.2023 (четврток), на спортските терени во општина Илинден, ќе се одржи  спортската манифестација „Денови за спорт на младите во општина Илинден”, на кои ќе се натпреваруваат учениците од основните училишта во Илинден, како и учениците од средното општинско стручно училиште „Илинден”.

Градоначалникот Георгиевски на увид во изградбата на новото детско игралиште во Илинден

Градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски денеска изврши увид во изградбата на новото детско игралиште во Илинден кое ќе биде во рамки на Домот на култура „Илинден“.

Новото мултифункционално игралиште достапно за сите граѓани

Новото мултифункционално игралиште кое се наоѓа во делот кај спортската сала „Гоце Делчев“ во Илинден е достапно за користење без надомест за сите граѓани во периодод од 15:00 до 24:00 часот, во деновите од понеделник до сабота.

Велосипедска тура ,,Експедиција низ срцето на Илинден 2024”

И оваа година во општина Илинден се одржува велосипедска тура ,,Експедиција низ срцето на Илинден 2024” епизода II, која е во организација на Здружението МТБ Илинден, а со поддршка на Општина Илинден.

Одбележана 23-та годишнина од смртта на припадникот на безбедносните сили, Роберт Петковски

Со положување свежо цвеќе пред спомен плочата во н.м. Бунарџик, општина Илинден ја одбележа 23-та годишнина од трагичната смрт на Роберт Петковски, кој како припадник на Министерството за одбрана, трагично загина во Вејце, на 28 април 2001 година.