Новото раководство на ФК „Илинден“ на прием кај градоначалникот Георгиевски

На прием кај градоначалникот на Општина Илинден, Александар Георгиевски, беше дел од новото раководство на Фудбалскиот клуб „Илинден“, како и новиот претседател Ѓоко Стерјоски.

Меѓународен џиу џица турнир ,,Скопје Опен 2025”

Денес, центарот на спортските случувања е спортската сала „Гоце Делчев“ во општина Илинден, каде што свечено беше отворено 14. издание на традиционалниот Меѓународен џиу-џица турнир „Скопје Опен 2025“. Настанот го организира Македонската џиу-џица федерација, а оваа година учествуваат 23 клубови од седум држави, со повеќе од 280 натпреварувачи.

Општина Илинден со нови инвестиции во образованието и спортот

Општина Илинден интензивно работи на изградба на паркинг простор за околу 30 возила во рамки на Средното општинско стручно училиште „Илинден“. Паркинг просторот зафаќа површина од околу 550 м², предвиден е за потребите на училиштето и ќе придонесе за значително подобрување на условите за работа и организираност во сообраќајот околу училиштето.

Општина Илинден потпиша меморандум за соработка за развој на фудбалот со Спорт Лаиф Скопје

Градоначалникот на општина Илинден, Александар Георгиевски, потпиша меморандум за соработка со претставниците на Спорт Лаиф Скопје, со цел воспоставување заемна соработка во насока на поддршка, развој и унапредување на спорот, особено фудбалот на територија на општина Илинден. Спогодбата предвидува заедничка заложба за унапредување на условите на фудбалските клубови во општината, како и за развојот на…

Градоначалникот на општина Илинден додели финансиска поддршка за истакнати спортисти

Општина Илинден и годинава ја продолжува традицијата за поддршка на спортот, со доделување еднократна финансиска помош за спортисти кои живеат на нејзина територија. Решенијата за финансиска поддршка беа врачени од градоначалникот Александар Георгиевски, кој истакна дека општината останува посветена на унапредување на спортот и охрабрување на младите да се вклучат во спортски активности.

Пуштен во употреба теренот на фудбалскиот стадион во Илинден

Со одигрување фудбалски натпревар беше пуштен во употреба теренот на фудбалскиот стадион во општина Илинден. Капитална инвестиција што ја реализираше Општина Илинден во соработка со Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ). Овој проект претставува едно од најзначајните инфраструктурни вложувања во спортот на локално ниво и е симбол на континуираниот развој на општината.